/ Прочитано:

2.040

Координативно тело ќе ги следи арбитражните постапки произлезени од меѓународни договори

„Владата на РМ ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од основање на Координативно тело за следење на арбитражни постапки произлезени од меѓународни договори. Владата ги задолжи сите надлежни државни органи, акционерски друштва и јавни претпријатија во државна сопственост до Координативното тело за следење на арбитражни постапки произлезени од меѓународни договори во рок од 10 дена да ги достават сите информации кои ги поседуваат, а кои се однесуваат на склучени договори кои содржат клаузула за арбитража, странки во спорот, вредност на инвестиција и вредност на спорот, дали е иницирана постапка пред арбитража, во која фаза се наоѓа таквата постапка, кои субјекти учествуваат, кои се правните застапници, каде се води постапката, кои се назначените арбитри, како и за други прашања од кои ќе може да се согледа севкупноста на проблемот“, се вели во соопштението на Владата во врска со основањето на Координатвното тело.

М.В