/ Прочитано:

1.486

Координација во Собранието на Република Македонија за локалните избори

Партиите се договорија дека од исклучителен приоритет за Република Македонија е постигнувањето договор за донесување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во месец октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците. Исто така, претседателот Џафери беше известен и дека партиите се согласуваат расправата по предлог-законот да биде ефикасна и да се исклучи секаква можност за нејзино непотребно одолжување.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска одржа координација со парламентарните политички партии, на која присуствуваа претставници на СДСМ и коалицијата ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците и ДПА, а претставник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не беше присутен.

Претседателот Џафери беше запознаен со заклучоците од неформалната средба на претставниците на политичките партии која се одржа на 13 мај 2017 година (сабота).

Партиите се договорија дека од исклучителен приоритет за Република Македонија е постигнувањето договор за донесување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во месец октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците. Исто така, претседателот Џафери беше известен и дека партиите се согласуваат расправата по предлог-законот да биде ефикасна и да се исклучи секаква можност за нејзино непотребно одолжување.

Претседателот Талат Џафери истакна дека со цел да се овозможат услови за редовно работење на Собранието на Република Македонија, неопходно е да се почитува Деловникот на Собранието на Република Македонија и ги повика политичките партии кои се застапени во Собранието, во согласност со член 33 од Деловникот на Собранието на РМ, да го известат за формирање на пратеничките групи. Џафери потенцираше дека очекува во краток рок партиите да постигнат договор за формирање на работните тела, со цел измените на Изборниот законик да бидат донесени во согласност со деловничките процедури. 

Претседателот Џафери и претставниците на политичките партии се согласија дека политичкиот дијалог мора да продолжи во Собранието на Република Македонија и дека сите политички субјекти треба да бидат одговорни пред граѓаните и да придонесат за продолжување на демократските процеси во Република Македонија.

А. Б.