/ Прочитано:

1.952

Крајниот рок за поднесување на годишна даночна пријава истекува денеска

УЈП очекува својата даночна обврска да ја исполнат уште околу 40 илјади граѓани до крајот на денешниот ден. Според последните податоци, најмногу пријави се доставени во Скопје, односно 144.066, а 1728 граѓани ја искористиле можноста за достава на пријавата преку е-Даночните услуги.

Денеска истекува рокот за поднесување на годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход (образец ПДД-ГДП) за приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2016 година, соопштуваат од Управата за јавни приходи.

УЈП очекува својата даночна обврска да ја исполнат уште околу 40 илјади граѓани до крајот на денешниот ден. Според последните податоци, најмногу пријави се доставени во Скопје, односно 144.066, а 1728 граѓани ја искористиле можноста за достава на пријавата преку е-Даночните услуги.

„Потсетуваме дека даночните канцеларии на УЈП работат од 8:30 до 18:00 часот, а граѓаните може да ја достават годишната даночна пријава и преку пошта.

Заради избегнување на метежите, отворени се дополнителни шалтери во Скопје за поднесување на годишна даночна пријава, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ).
За точна адреса, локација и работно време на даночните канцеларии, информирајте се преку веб-страницата на УЈП: 
http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt“, информира Управата за јавни приходи.

За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на годишната даночна пријава, граѓаните може да се обратат во Инфо-центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.

А. Б.