/ Прочитано:

2.491

Криминалот од омраза како квалификаторен облик во предложените измени на Кривичниот законик

Во предложените измени на Кривичниот законик, кои се во собраниска процедура, се дефинирани две групи одредби кои се однесуваат на криминалот од омраза. Првата одредба е содржана во членот 3 од Предлог-законот и ја содржи дефиницијата на дело од омраза. Во согласност со оваа дефиниција, „Како дело од омраза изречно предвидено со одредбите на овој Законик, се смета кривично дело против физичко или правно лице и со нив поврзани лица или имот кое е сторено во целост или делумно поради реална или претпоставена (замислена, вообразена) карактеристика или поврзаност на лицето што се однесува на раса, боја на кожа, националност, етничко потекло, религија или уверување, ментална или телесна попреченост, пол, родов идентитет, сексуална ориентација и политичко уверување.“

Вториот сет одредби кои се содржани во предложените измени на Кривичниот законик, а кои го санкционираат криминалот од омраза е пропишувањето на криминалот од омраза кај одредени кривични дела како квалификаторен облик на конкретните дела.

Така, овие квалификаторни облици со построги казни за криминалот од омраза се додадени кај следните кривични дела:

„Убиство“, чл. 123 од КЗ

„Телесна повреда“, чл. 130 од КЗ

„Тешка телесна повреда“, чл. 131 од КЗ

„Присилба“, чл. 139 од КЗ

„Противправно лишување од слобода“, чл. 140 од КЗ

„Мачење и друго сурово нечовечно или понижувачко постапување и казнување“, чл. 142 од КЗ

„Загрозување на сигурноста“, чл. 144 од КЗ

„Спречување или смеќавање на јавен собир“, чл. 155 од КЗ

„Силување“, чл. 186 од КЗ

„Обљуба на немоќно лице“, чл. 187 од КЗ

„Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, чл. 188 од КЗ

„Неукажување медицинска помош“, чл. 208 од КЗ

„Тешка кражба“ од чл. 236 од КЗ

„Разбојништво“ од чл. 237 од КЗ

„Разбојничка кражба“ од чл. 238 од КЗ

„Оштетување на туѓи предмети“, чл. 243 од КЗ

„Изнуда“ од чл. 258 од КЗ

„Насилство“, чл. 386 од КЗ и

„Сквернавење на гроб“, чл. 400 од КЗ.

Нови кривични дела во измените на Кривичниот законик кои се во собраниска процедура

М.В