/ Прочитано:

908

Кривичен суд: Сè уште не е донесено решение за оцена на обвинителните акти за  предметот „Талир“

„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинителните акти поднесени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за предметот од обвинителството означен како „Талир“, ја информираме јавноста дека Советот за оцена на обвинителен акт одржа јавна седница  во присуство на странките, но до овој момент сè уште не е донесено решение за оцена на обвинителните акти. Со оглед дека за истиот предмет, против еден обвинет врз основа на признание на вина, веќе е донесена пресуда, не треба да се извлекува заклучок дека се оценети и обвинителните акти.

Како и за сите други предмети кои се во интерес на јавноста, Основниот суд Скопје 1 – Скопје навремено ќе ги извести странките и јавноста за решението на советот за оцена на обвинителен акт за конкретниот предмет кога истото ќе биде изготвено“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

М.В