/ Прочитано:

2.178

Кривична пријава за поткуп за вешто лице ангажирано од Бирото за судски вештачења

„Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против С. В. (56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 6 во врска со став 2  од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот, во својство вешто лице, ангажиран од Бирото за судски вештачења при Министерството за правда, во текот на јули 2018 во неколку наврати побарал парични средства во износ од 2.000 евра од сопственик на винарска визба од Штип за да стави потпис на економско-финансиски вештачења по предмет кој се водел во Основниот суд Штип против правното лице.

На 6.10.2018 година во просториите на правното лице пријавениот ги примил паричните средства во износ од 2.000 евра, по што се потпишал на финансиското вештачење. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка куќен притвор“, информираат од МВР.

М.В