/ Прочитано:

3.861

Кривичниот суд: Одобрен е обвинителниот акт поднесен од страна на СЈО против 21 лице за предметот „Транспортер“

Основен суд Скопје 1 – Скопје објави соопштение во врска со обвинителниот акт поднесен од страна на СЈО против 21 лице за предметот во јавноста познат како „Транспортер“

„Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој постапуваше по обвинителниот акт поднесен од страна на Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против 21 лице за предметот во јавноста познат како ‘Транспортер’, по добивање и разгледување на приговорите на странките во постапката во однос на обвинението, како и ценејќи ги фактите врз кои е заснован актот, донесе одлука со која го одобри обвинителниот акт. Откако обвинителниот акт, во согласност со АКМИС-електронскиот систем, е распореден на судија Лидија Петровска за понатамошно постапување во Судечкиот совет, ќе биде закажан термин за одржување на главна расправа, за што странките ќе бидат известени, а јавноста ќе биде благовремено информирана“, се вели во соопштението на Основен суд Скопје 1 – Скопје.

М.В