/ Прочитано:

1.156

Кривичниот суд во целост го објави дописот до јавниот обвинител на РМ за постапувањето со предметите на СЈО

Кривичниот суд во целост го објави дописот кој Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по донесени заклучоци на колегиумот на судии, го достави до јавниот обвинител на Република Македонија.

Дописот на Кривичниот суд го пренесуваме во целост:

„Колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на седницата одржана на 04.02.2019 година, дискутираше за правното мислење на Врховниот суд на Р.Македонија, со кое се дава автентично толкување на член 22 од Законот за СЈО, а се однесуваза рокот во кој Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) може да поднесува и презема обвинениа,превзема предистражни и истражни дејствија.

Колегиумот на судии донесе заклучок, имајки предвид да правното начелно мислење на Врховниот суд defacto го оспори постапувањето на СЈО како овластен тужител, да се обрати до Јавниот обвинител на Р.Македонија Љубомир Јовевски, со барање Јавниот обвинител да се произнесе за тоа кое обвинителство во иднина ке постапува како овластен тужител во предметите поднесени од СЈО.

Ова Барање на Судот е во правец на владеење на правото, односно правилна и доследна примена на Законот за кривична постапка кој е од примарно значење во водењето на постапките.

Судот смета дека со правното мислење на Врховниот суд на РМ се проблематизираше примената на чл. 17, чл.39 и чл. 40 од ЗКП но и на одредбите кои се однесуваат на роковите за кривично гонење-чл.107 од Кривичниот Законик.

Во оваа смисла правното начелно мислење на Врховниот суд на РМ му наметна на Кривичниот суд дилема дали постои колизија на одредбите од чл.107 од Кривичниот Законик и чл.22 од Законот за СЈО(кои предвидуваат различни рокови за кривично гонење), односно дали едната одредба ја исклучува другата или пак чл.22 само упатува на тоа кој(овластен тужител-кое обвинителство)по протекот на извесен рок е надлежен да го поведе или продолжи кривичниот прогон.

Колегиумот на судии смета дека е потребно Државниот јавен обвинител да иницира и автентично толкување на член 22 од Законот за СЈО од Собранието на Р.Македонија, бидејќи само законодавецот може да даде автентично толкување на Законите.“

Кривичниот суд: Јавниот обвинител да се произнесе за постапувањето во предметите на СЈО

Постапката за барање автентично толкување во Деловникот на Собранието на РМ

ВРХОВЕН СУД: По истекот на рокот од 18 месеци, СЈО не е овластен тужител за предистражни и истражни дејствија

Врховниот суд треба да одржи општа седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

Соопштение на Врховниот суд за одржување седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

М.В