/ Прочитано:

889

Кривичниот суд во врска со определената мерка притвор за Сашо Мијалков


„Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор против С. М. опфатен со обвинителен предлог во предметот со КОК. бр. 47/17 од обвинителството означен како Таргет/Тврдина, судијата кој постапува по предметот по ценење на фактите и доказите опфатени со предлогот донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 470 став 1. точка 1. од ЗКП. Против ова решение странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје во рок од 24 часа по приемот на решението“, се вели во соопштението на Кривичниот суд во врска со притворот за Сашо Мијалков обвинет во предметот „Таргет/Тврдина“.

М.В