/ Прочитано:

2.091

Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот

Политичката партија Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување на референдум донесена од  Собранието на Република Македонија.

„Нашиот правен сектор смета дека постојат сериозни формалноправни и материјалноправни причини за оспорување на наведената одлука како противуставна и противзаконита, бидејќи таа не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија“, велат од Левица од каде што бараат Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.

За Левица е спорно и референдумското прашање. Според Димитар Апасиев од Левица, референдумското прашање е стапица за гласачите, што е спротивно на прописите, европските стандарди и Венецијанскиот кодекс на добри практики за референдуми. Вака поставеното собраниско прашање има осум можни одговори, а законот дава можност само за два. Прашањето, подвлекува Апасиев, треба да биде формулирано така што ќе го содржи името на државата кое е предвидено со договорот со Грција.

„Бидејќи во иницијативата се бара времена мерка, тоа значи дека иницираме итна постапка и очекуваме Уставниот суд веднаш по годишните одмори, а тоа значи пред референдумот, да се произнесе. Во случај да не се произнесе, можно е постфестум да ги поништи резултатите“, рече Димитар Апасиев од Левица при поднесувањето на иницијативата.

Апасиев нагласува дека одлуката на Собранието ги нема сите потребни законски елементи што според Законот за референдум мора да ги има. Таа, образложува Апасиев, нема образложение и го нема целиот назив за актот по кој се гласа, туку е даден само скратен назив на актот и исто така, не е предвидено гласање на одделни гласачки ливчиња онака како што тоа го бара законот.

„Не знаеме дали станува збор за претходен или за дополнителен референдум и не знаеме дали станува збор за факултативен или за задолжителен референдум. И оттука е невозможно да се оцени правната последица од успехот или неуспехот на референдумот, што го повредува начелото на правна сигурност“, вели Апасиев.

Тој нагласува дека договорот што се става на референдумско изјаснување не е ратификуван и оттука Собранието се довело самото себе во правно нерешлива позиција. Собранието, додава Апасиев, не може да распише претходен референдум затоа што договорот е веќе склучен, а ниту може да распише дополнителен референдум затоа што нема закон кој би одел на референдумско изјаснување бидејќи претседателот одби да го потпише.

Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август

Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот

Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните

Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници

Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО

Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција М.В