Љупчо Андоновски нов директор на УБК, Горанче Савевски на БЈБ
Вторник, 26 мај 2015 – Љупчо Андоновски е избран за нов шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), на местото на Сашо Мијалков, а Горанчо Савески е нов директор на Бирото за јавна безбедност при МВР (БЈБ), на местото на Митко Чавков. Одлуката за нивното именување беше донесена на денешната владина седница.
Андоновски работи во полицијата 28 години. Дипломирал на Факултет за безбедност во Скопје. Од 2006 година е началник за Одделението за безбедност и контраразување.
Савевски, досегашен началник на Централните полициски служби, исто така има завршено високо образование на Факултетот за безбедност. Вработен е во МВР во 1999 година каде почнал како помлад инспектор по крвни деликти.
Именувањето нови директори на УБК и БЈБ доаѓа по оставката на Мијалков и по именувањето на Чавков за нов министер за внатрешни работи, откако и Гордана Јанкулоска даде оставка од министерската функција.