/ Прочитано:

1.629

МАЈА МЕНАРД, ПРЕДАВАЧ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА АКАДЕМИК: Државата треба да ја поддржи правната професија и да ги развива правните таленти

Во изминатиот период Менард ја водеше високоризичната продажба на словенечкиот удел во банката „Нова КБМ“ и ѝ беше советник на една од врвните осигурителни компании во процесот на продажбата на мнозинскиот удел во водечки словенечки автобуски оператор. Покрај тоа Менард ја има застапувано и Европската комисија пред Европскиот суд на правдата во случај за укинување на одлуката за доделување на државна помош.

Маја Менард, предавач на Меѓународната конференција „Управување со правни ризици: Правни трендови“ (Skopje Legal Risk Management: Legal Trends)

Долгогодишното меѓународно искуство на полето на надминување и решавање на спорови, особено во делот на спојувањата и преземањата на компании, словенечката адвокатка Маја Менард ќе го сподели со учесниците на овогодишната Меѓународната конференција „Управување со правни ризици: Правни трендови“ (Skopje Legal Risk Management: Legal Trends), која ќе се одржи на 18 и 19 октомври во Скопје, во организација на Академик.

Менард е докажан професионалец со над десетгодишно практично искуство. Во својата кариера има работено на полето на прекугранични трансакции и странски инвестиции, застапувајќи клиенти во сложени судски спорови, но и во постапки за алтернативно решавање на споровите.

Во изминатиот период Менард ја водеше високоризичната продажба на словенечкиот удел во банката „Нова КБМ“ и ѝ беше советник на една од врвните осигурителни компании во процесот на продажбата на мнозинскиот удел во водечки словенечки автобуски оператор. Покрај тоа Менард ја има застапувано и Европската комисија пред Европскиот суд на правдата во случај за укинување на одлуката за доделување на државна помош.

Како најдобра во својата класа, Менард дипломира на Универзитетот во Љубљана а магистерските и докторските студии ги завршува на Универзитетот во Париз – Нантер. По завршувањето на докторските студии, се вработува во париското претставништво на „Клери Готлиб Стин и Хамилтон ЛЛП“, каде што се стекнува со значајно искуство со странски клиенти, особено во поглед на постапките за алтернативно решавање на споровите. Во 2010 година, Менард станува дел од „Улчар и партнери“, а во 2013 година е унапредена во партнер.

На Конференцијата во организација на Академик, Менард ќе има излагање на тема: Како најдобрите таленти од правната фела да станат дел од најважните правни процеси.

Во интервјуто за Академик.мк таа зборува за ризиците во работењето при реструктурирањето на компании, за алтернативното решавање на споровите, но и за тоа како државата да ги препознае правните таленти и да го употреби нивното знаење за создавање на поквалитетен систем на правна заштита.

Продавањето и реструктурирањето компании секогаш носи потенцијален ризик. Како успевате да ги избегнете правните ризици во работењето?    

Во нашата пракса, управувањето на правните ризици е многу динамично и зависи од случајот. Обично правиме разлика меѓу внатрешните и надворешните правни ризици.

Сметаме дека внатрешните ризици всушност се однесуваат на луѓето и се попостојани. Управувањето со тие ризици е насочено кон развој и имплементација на соодветните процеси поврзани со составувањето на тимот, поделбата на задачите, временските рамки (рокови што овозможуваат ублажување на штетата/правни лекови), систем на контрола и проверки (вклучувајќи и двострано одобрување пред да се преземе некое дејство) итн. Меѓутоа, им даваме голема важност и им посветуваме посебно внимание на менторството, на индивидуализацијата на членовите на тимот и на развојот на можности за личен и професионален раст на секого во тимот.

Улчар и партнери лого

Што се однесува на нашите техники на управување со надворешните ризици, тие се разликуваат во зависност од типот и контекстот, т.е. од импликациите на проектот, од идентитетот, т.е. природата на клиентот, но во суштина ги осмислуваме соодветно на секој проект, дозволувајќи ги потребните предвидување и реакции од страна на нашиот тим, со тоа што обезбедуваме сеопфатност и високи стандарди на квалитет.  Според тоа, нашата работа се разликува и се стремиме кон тоа да ги приспособиме нашите процеси на сите посебни елементи од секоја задача, особено ако клиентот е државен субјект, ако контекстот на проектот е со политички или социјални импликации, ако тоа го бара големината на проектот или ако се работи за проект со доверливи информации итн.

Имате богато искуство во алтернативното решавање на спорови. Кои методи ги користите за алтернативно решавање на споровите? Со оглед на вашето искуство, колку се подготвени вашите клиенти за ваков начин на решавање на споровите?

Кога се работи за трговски/корпоративни прашања, особено кога се работи за трансакции при спојување и преземање, претпочитаме и ги советување нашите клиенти да изберат арбитражни постапки. Изборот на правила, позиција, јазик ќе зависи од случај до случај, вклучувајќи го идентитетот на страните во случајот. Во последните пет години, клиентите сѐ повеќе го прифаќаат овој пристап и поголемиот дел од трансакциските документи, во чие подготвување сме вклучени, опфаќаат и арбитражни клаузули.

Вашето предавање е за вклучувањето на најдобрите правни таленти во големите правни случаи и преземања. Според вашето мислење, кој треба да биде повеќе проактивен за постигнување на таа цел, државата или правните експерти?  

Според моето мислење, правните експерти треба да имаат клучна улога, со тоа што се директно поврзани со правните таленти, и затоа се главните што треба да ги препознаат поединците и нивните посебни особини. Следствено на тоа, ние исто така ја имаме главната улога во препознавање талентирани поединци во рамките на нашиот тим, ги цениме и ги мотивираме и што е најважно им дозволуваме и им даваме поддршка за развој и подобрување на нивните посебни вештини. Ние треба да ги согледаме различните ограничувања со кои се соочуваат државите во контекст на ова прашање и да дејствуваме соодветно. Сепак, сметам дека државата не треба да го занемарува ова прашање и треба да ја поддржи правната професија во нејзините напори да ги препознае и да ги развие правните таленти, со сите расположливи средства.

Академик конференција 2015

Конференцијата на Академик, на која како предавач ќе настапи Маја Менард, ги обединува лидерите во правниот свет кои се занимаваат со управувањето со правни ризици, а оваа година акцентот ќе биде ставен на правните трендови, односно на запознавање на нашите учесници со најновите и најдобрите правни практики во сферата на правниот дизајн, со алтернативните правни практики во адвокатските компании, со новините во користењето на правните услуги, со усогласеноста со законите и етичките норми со придобивките што ги има компанијата од работата на својот главен правен застапник, со управувањето со таленти и со регионалните правни достигнувања.

Академик ви стои на располагање на 02/3232-821, формуларот за регистрирање можете да го најдете тука, а повеќе информации можете да најдете на www.akademikconference.com.mk .

Наскоро очекувајте го претставувањето и на останатите предавачи на овогодишната конференција на Академик.

АКАДЕМИК КОНФЕРЕНЦИЈА Управување со правни ризици: Правни трендови – Skopje Legal Risk Management: Legal Trends, 18 – 19 октомври, 2016 година