/ Прочитано:

1.640

Македонското здружение за заштита при работа за законските можности на повредените вработени во автобуската несреќа

Македонското здружение за заштита при работа објави соопштение за законските можности на повредените вработени во автобуската несреќа, кое го објавуваме во целост:

На почетокот, дозволете од името на МЗЗПР да искажеме сочувство на семејствата на загинатите сограѓани и желба за побрзо заздравување на повредените во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, во близина на селото Ласкарци.

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) е основана во 1968 година како прва професионална граѓанска организација во Република Македонија од областа на заштитата при работа. За таа цел, би сакале во доменот на нашата експертиза, да го дадеме личниот и професионален придонес во поддршка на институциите за целосно расчистување на несреќата, како и со цел сите заедно да дадеме придонес за да превенираме вакви и слични случаи во иднина.

Имено, би сакале да предочиме дека според информациите добиени од медиумите, повеќето од нашите сограѓани, на кобниот ден се враќале од работното место кон својот дом.

Следбено на ова, според Законот за безбедност и здравје на работа (92/07) сите кои биле во работен однос, а патувале кон својот дом и се повредиле или загинале во сообраќајната несреќа, потребно е од страна на работодавачите да бидат пријавени во Државниот инспекторат за труд (http://dit.gov.mk/) како несреќи на работното место. Нагласуваме дека непостапувањето на овој начин е прекршување на Законот и е предмет на прекршочна постапка.

Со пријавата од страна на работодавачите, на повредените вработени ќе им следуваат следните законски можности:

  • Да имаат можност во полн износ (100%) од платата да им биде исплатена за време на периодот на заздравување (имајте в предвид дека при боледување, а кое не е поврзано со несреќа на работното место, можно е исплатената плата да биде помала и до 70%);
  • Отсуството од работното место да биде заведено како „повреда на работа”, а со тоа, во понатамошниот работен век, доколку се појават одредени компликации, истите да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција;
  • По враќањето на работното место, вработените е неопходно веднаш да бидат упатени на насочени медицински прегледи, а со тоа да биде утврдена нивната преостаната работна способност. Ова е исклучително важно за секој од нив индивидуално доколку се јават одредени ограничувања во можностите за нивно целосно исполнување на работните задачи, а со првенствена цел да се заштити здравјето и интегритетот на работникот!

Со надеж за побрзо и целосно заздравување на повредените и нивно враќање на работните места, но и со сочувство до семејствата на загинатите, за понатамошни консултации, Ви стоимe на располагање на: 02 2774 868 или kontakt@mzzpr.org.mk.“

Повеќе надлежни институции на состанок во Обвинителството за автобуската несреќа

ЈОРМ: Во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, ќе се утврдува дали користел мобилен телефон

Денови на жалост за граѓаните кои трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа

М.В