/ Прочитано:

714

Месечен информатор за дискриминација

 Хелсиншкиот комитет за човекови права објави месечен информатор за дискриминација – април 2018. Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот „Промоција на толеранцијата и недискриминацијата“.

Една од активностите во рамките на овој проект е издавање месечни информатори, кои имаат цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, за поведените постапки за заштита од дискриминација, за судската пракса на домашните судови и на Европскиот суд за човекови права, за праксата на Народниот правобранител и на Комисијата за заштита од дискриминација, како и за преземените активности на здруженијата на граѓани и релевантните институции во полето на заштита од дискриминација. Информаторот можете да го преземете на следниот линк.