/ Прочитано:

1.079

Месечен информатор за дискриминација

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот „Промоција на толеранцијата и недискриминацијата“.

Една од активностите во рамките на овој проект е издавање месечни информатори, кои имаат цел да ја информираат јавноста за бројот и за видот на случаите на дискриминација регистрирани во земјата на месечно ниво, за поведените постапки за заштита од дискриминација, за судската пракса на домашните судови и на Европскиот суд за човекови права, за праксата на Народниот правобранител и за Комисијата за заштита од дискриминација, како и за активностите на здруженијата на граѓани и на релевантните институции преземени на полето на заштитата од дискриминација.

Информаторот можете да го преземете на следниов линк.