/ Прочитано:

718

Месечник за криминалот од омраза

„Во февруари 2019 година регистрирани се осум инциденти од омраза, сите сторени поради етничка припадност и сите се случиле во Скопје и околината. Во половина од регистрираните инциденти жртви биле деца (лица под 18 години), а во другата половина жртви се лица на возраст до 25 години.

Од наведените осум инциденти, три се случиле на бул. Кузман Јосифовски Питу. Во овие инциденти две од жртвите се деца, а едната жртва е на возраст од 19 години.

Трендот на насилства помеѓу деца и младинци од минатата година, продолжува и годинава, поради што е потребно властите со многу посистематски и посериозен пристап да ги превенираат ваквите насилства, а веќе сторените да ги истражат темелно и целосно, да ги откријат сторителите и истите соодветно да бидат санкционирани“, се вели во Месечникот за криминалот од омраза.

Месечникот за февруари 2019 година е достапен на следниот линк.

М.В