/ Прочитано:

1.521

Месечник за криминалот од омраза

Хелсиншкиот комитет го објави новиот Месечник за криминалот од омраза. Во март 2019 година регистрирани се 17 инциденти од омраза, од кои еден е поради верска припадност и религија, а сите останати се сторени поради етничка припадност. Најголемиот број од инцидентите се случиле во Скопје и околината, два инциденти имало во Тетово и еден во Гостивар. Во значителен дел од регистрираните случаи жртви биле деца и лица до 25 години, а најмалата жртва е на десетгодишна возраст.

Месечникот можете да го преземете на следниот линк.

/ Прочитано:

519

Месечник за криминалот од омраза

Хелсиншкиот комитет за човекови права го објави Месечникот за криминалот од омраза во јули 2017 година.

Кривичните дела мотивирани од нетолеранција, односно предрасуди кон одредена група во општеството се опишува како криминал од омраза. За негово постоење мора да бидат исполнети два услова: делото мора да е предвидено во кривичното право и сторувањето мора да е мотивирано од некоја предрасуда. Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржува Хелсиншкиот комитет при регистрацијата и мапирањето на делата од омраза.

Месечникот за криминалот од омраза за месец јуни 2017 година можете да го преземете на следниов линк.

М.В