/ Прочитано:

1.426

Министерот за правда оствари средба со Одборот за следење на работата на медијацијата

Целта на Одборот за следење и оцена на квалитетот на работата на медијацијата, посочи министерот за правда Билен Саљији, е да се поттикне развојот на медијацијата со цел повеќе да се користи како едно алтернативно решавање на споровите, односно да обезбеди квалитет во оваа област, како и да дава идеи за развојот на медијацијата во нашата земја.

Исто така, овој одбор ќе се соочи со сериозни предизвици бидејќи, како прво, треба да се надминат некои проблеми со кои се соочуваме од основањето на овој институционален концепт за развојот на медијацијата.

Министерот Саљији истакна и некои од обврските на Одборот, вклучувајќи ги и: организирањето на испитот за медијатори; акредитирањето на програмата за обука на медијаторите во Македонија; одредувањето на методологијата и начинот на следењето и оценувањето на работата на медијаторите, на обучувачите на медијаторите;  односно спроведувањето на акредитираната програма за обука на  медијаторите и др.

„На крајот од средбата, министерот Саљији ги покани членовите на Одборот заеднички да работат во надминувањето на сите пречки со кои се соочуваат во процесот на медијацијата сè со цел медијацијата да биде подостапна за граѓаните, но истовремено и да им се овозможат подобри услови на сите што сакаат да добијат лиценца за медијатори. Претседателот и членовите на Одборот му се заблагодарија на министерот Саљији за постојаната поддршка и соработка и истакнаа дека со нивната работа ќе се постигне целта и ќе се потврди дека медијацијата е вистинскиот начин за решавање на споровите“, информираат од Министерството за правда.

М.В