/ Прочитано:

1.933

Министерство за економија: До крајот на август пријавување за испит за овластен стечаен управник

До 31 август заинтересираните кандидати можат да се пријавуваат на огласот за полагање на испитот за овластен стечаен управник, што го распиша Министерството за економија, што е услов за добивање лиценца за вршење на работите на стечаен управник како лице овластено во стечајната постапка да ја води реорганизацијата или ликвидацијата на должникот, информираат од Министерството за економија.

Од Министерството за економија додаваат дека кандидатите кои ќе се пријават на огласот за полагање на испитот за овластен стечаен управник, покрај државјанство и живеалиште во Република Македонија, треба да имаат завршено високо образование од соодветната област, да имаат најмалку тригодишно работно искуство по дипломирањето во областа на правото, економијата или бизнис-администрацијата и пет години работно искуство по дипломирањето во областа на трговските дејности.

Кандидатите, исто така, треба да поседуваат потврда за редовно посетување обука издадена од Комората на стечајни управници и со правосилна одлука да не им е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност сè додека траат последиците од забраната.

Потребните документи кои треба да ги достават кандидатите за полагање на испитот за овластен стечаен управник се дадени во огласот објавен на веб-страницата на Министерството за економија, а термините за полагање на испитот за прв (теоретски) дел и втор дел (практичен пример) Министерството за економија дополнително ќе ги закаже, по завршување на рокот на пријавување за испитот.

Програма за полагање на испит за овластен стечаен управник