/ Прочитано:

1.510

Министерство за правда: Детско катче за посета на децата на осудените лица отворено во КПД Штип

Детското катче за посета на децата на осудените лица беше официјално отворено во Казнено-поправниот дом Штип, како прва просторија од ваков вид во државата, во согласност со препораката на Комитетот на министри на Советот на Европа ЦМ/Рец (2018)5 во врска со децата на родители кои издржуваат затворска казна.

„Новото опкружување ќе го подобри контактот на децата со нивните родители во затворот, во амбиент кој е прилагоден на нивната возраст, на тој начин заштитувајќи го нивниот емоционален, психолошки и социјален развој. Во реализирањето на оваа иницијатива КПД Штип соработуваше со локалната заедница. Имено, ѕидовите на просторијата за посети беа бојадисани и исцртани од страна на ученици од локалното средно училиште, како и од студенти од Ликовната академија во Штип, со што се промовира поддршката и придонесот на локалната заедница кон ресоцијализацијата на осудените лица.

Опремувањето на детското катче за посета на децата на осудените лица во КПД Штип беше поддржано како дел од проектот „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица”, кофинансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа , информираат од Министерството за правда.