/ Прочитано:

1.485

Министерство за правда го подготвува новиот Закон за заштита на личните податоци

Министерството за правда го подготвува новиот Закон за заштита на личните податоци. Од Министерството за правда велат дека постои утврдена потреба за преуредување на националниот систем за заштита на личните податоци. Потребни се измени во надлежностите и работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци, а  има и неусогласеност на одредбите од постојниот закон со европската регулатива.

Целта на Законот е реформиран национален систем за заштита на личните податоци и имплементација на добиени препораки за унапредување на правната рамка, преку зајакнување на инспекциски надзор и дополнително нагласување на самостојноста, независноста и непристрасноста на Дирекцијата за заштита на личните податоци и нејзините вработени.

Со Законот ќе се изврши и доуредување на сегментот на обработка на личните податоци преку системот за вршење на видеонадзор.

Со Законот за заштита на личните податоци се уредува заштитата на личните податоци како основни слободи и права на граѓаните, а особено правата на приватност во врска со обработка на лични податоци.

М.В