/ Прочитано:

1.070

Министерството за економија подготвува измени на Законот за туристичката дејност

Министерството за економија подготвува измени на Законот за туристичката дејност. Оваа измена, велат од Министерството,  е неопходна поради усогласување на прекршочните постапки што ќе се водат пред Министерството за економија, како од аспект на функционалноста така од аспект и на деловодно водење на предметите по кои треба да постапи Прекршочната комисија, формирана од министерот за економија.

Измените на прописите и на стратешките документи од областа на туризмот беа најавени и на панел-дискусијата на тема „Измена и дополнување на законската регулатива“, која се одвиваше во рамките на Конференцијата за развој на туризмот во Република Македонија, во организација на Министерството за економија.

Со Законот за туристичката дејност се уредуваат условите и начинот за вршење на туристичката дејност. Туристичка дејност, во смисла на овој закон, е организирање и спроведување на туристички патувања во туристички места, фамилијарни излети и други некомерцијални екскурзии и други туристички аранжмани во земјата и странство, давање на туристички информации, продавање и посредување при продажбата на угостителски и други туристички услуги, посредување околу издавање на куќи, станови и соби за туристи, вршење на услуги со туристички водичи и други услуги.

Измени на прописите и стратешките документи од областа на туризмот

М.В