/ Прочитано:

1.437

Министерството за правда: Нови документи, информации и податоци достапни за јавноста

„Министерството за правда, водено од принципот на транспарентност, на својата веб-страница објави нови документи, информации и податоци кои се достапни за целокупната јавност. На интернет-страницата на Министерството за правда за првпат може да се најдат информации за Буџетот на Министерството, ревизорски извештаи, Правилник за систематизација на работните места и Правилник за внатрешна организација, список на сите вработени лица во институцијата со службени телефонски броеви и електронска пошта. Исто така, за првпат на јавноста ѝ се достапни и информации кои се однесуваат на заштита на укажувачи, овластено лице за заштитено внатрешно пријавување и Правилник за заштитено внатрешно пријавување, како и податоци за офицерот за заштита на лични податоци“, информираат од Министерството.

Покрај наведените новопоставени документи и информации, на веб-страницата на Министерството се достапни и план за јавни набавки, органограм за внатрешна организација, консолидирани текстови на закони и подзаконски акти, обрасци кои ги користат граѓаните при доставување на поднесоци до Министерството за остварување на нивните права и обрасци на барања од граѓаните за издавање на реални акти, тарифници за надоместоци за издавање на реални акти, листа на информации од јавен карактер и лице задолжено за информации од јавен карактер, листа на регистри и контакт од Министерството за генерални информации. Исто така, јавно се достапни и биографиите на министерот, на заменик-министерот и на државниот секретар, а јавноста може да се запознае со планираните активности на Министерството за правда преку најавите кои се поставуваат на почетната страница од официјалната веб-страница.

Линкови до документите

М.В