/ Прочитано:

1.236

Министерството за правда продолжува со консултациите со политичките партии за Законот за јавното обвинителство

„Имајќи го предвид интересот на јавноста за Законот за јавното обвинителство, ве известуваме дека Министерството за правда продолжува со консултации со политичките партии и пратеничките групи од опозицијата.

Воедно, потсетуваме дека поддршката за Законот за јавното обвинителство е клучна за отворање на преговорите за членство во Европската Унија.

Законот кој е во собраниска процедура ги имплементира сите меѓународни стандарди кои се однесуваат на областа на јавното обвинителство и кои значат заштита на човековите права, кои ја зајакнуваат независноста, неутралноста, отчетноста и ефикасноста во борба со криминалот од страна на обвинителството.

Определбата за заштита на овие принципи не е само определба на Министерството за правда, туку и на Република Северна Македонија, која произлегува од нашето членство во Советот на Европа и аспирацијата за членство во Европската Унија.

Спремноста за развивање и за целосно имплементирање на овие принципи, кои се наброени и во дописот на ВМРО-ДПМНЕ, не е само обврска на Владата на Северна Македонија, туку треба да биде и обврска и заложба на сите политички партии чија ориентација е европската интеграција.

Во оваа прилика, потсетуваме дека ги очекуваме амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за Предлог-законот за јавното обвинителство со цел заедничко носење на законот кој ќе овозможи практично имплементирање на сите меѓународни принципи за работа на јавното обвинителство.

Секако, уште еднаш потсетуваме дека само закон кој ќе овозможи ефикасна борба против криминалот и корупцијата и кој нема да содржи скриена амнестија ќе може да ги отвори вратите на Европската Унија“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност

Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија

Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство

Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот  јавен обвинител

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија

Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО

Објавен текстот на Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство – се предвидуваат нови надлежности на СЈО

Министерството за правда подготвува Закон за Специјалното јавно обвинителство

М.В

М.В