/ Прочитано:

1.973

Министерството за труд и социјална политика за решенијата во измените на Законот за минимална плата

Потребата од донесување Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, велат од Министерството, се наметна поради покачување на нивото на минималната плата и исплата на минимална плата на исто ниво за сите вработени.

„Во предлогот на Законот дадени се решенија со кои се предвидува начинот на пресметка на минималната плата во случаи кога работникот работи со полно работно време, скратено работно време и со работно време повеќе од полното. Утврдена е висината на минималната плата во бруто-износ, периодот на усогласување и начинот на усогласување. Со нов член е пропишано дека од Буџетот на РМ ќе се обезбедува финансиска помош за периодот од септември 2017 година до февруари 2018 година, и тоа од 500 денари до 2.000 денари во зависност од висината на исплатената месечна нето-плата на работникот во периодот јануари-март 2017 година. За периодот март-август 2018 година помошта ќе изнесува 50%“, образложуваат од Министерството.

М.В