/Прочитано:

183

МИОА: Објавена работната верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност

Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи заеднички изготвија работна верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија.

„Ги повикуваме сите засегнати страни од јавниот и приватниот сектор, академската заедница, граѓанските организации и граѓаните да испратат свои предлози, препораки и коментари на работната верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија најдоцна до 22.6.2018 година на следната e-пошта: cyber_security@mioa.gov.mk.

Воедно, сакаме да ве поканиме на jавната расправа на тема: „Националната стратегија за сајбер безбедност“, која ќе се одржи во среда, 13.6.2018 во 10:00 часот, во Клубот на пратеници. На јавната расправа накратко ќе биде презентирана работната верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија, а во дискусијата ќе учествуваат министерот за информатичко општество и  администрација, Дамјан Манчевски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Ги повикуваме сите засегнати страни од јавниот и приватниот сектор, академската заедница, граѓанските организации и сите заинтересирани граѓани да го дадат својот придонес и да земат учество во јавната расправа“, информираат од МИОА.

М.В