/ Прочитано:

1.230

МИОА подготвува стратегија за сајбер безбедност

Експертизата во сајбер безбедноста е потребна во сите сфери од нашето живеење. Ризиците од сајбер просторот стануваат реални ризици за животот и за имотот на секој од нас, беше истакнато на денешната работилница насловена како „Национална рамка и стратегија за сајбер безбедност и функционирање на национален ЦЕРТ“. Работилницата е во организација на МИОА, Корејската агенција за интернет и информатичка безбедност и Светската банка.

„Формиравме работна група за подготовка на стратегија за сајбер безбедност. Во наредните месеци очекуваме да имаме нацрт-документ кој ќе се однесува на сајбер безбедноста на сите, и на граѓаните и на јавните институции. Во рамките на посебната соработка договорена помеѓу МИОА, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, а со поддршка на Светската банка, беше направена процена на зрелоста на капацитетите за сајбер безбедност во државата од страна на експерти од Глобалниот центар за капацитети во областа на информатичката безбедност на Универзитетот Оксфорд“, истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на  отворањето на денешната работилница.

На денешната работилница беше нагласено дека довербата на граѓаните во функционирање на службите зависи и од безбедноста на нивните податоци и од сајбер безбедноста воопшто. Сајбер нападите претставуваат заедничка закана за секого: потрошувачите, државите, бизнисите, економиите, занаетите, граѓаните, итн.

Како држава, нагласи Манчевски, мораме да правиме сè што е во наша надлежност за да им ја обезбедиме приватноста на граѓаните, од една страна и безбедноста на податоците, а од друга страна, да обезбедиме национална безбедност, односно да одржуваме рамнотежа меѓу нив.

М.В