/ Прочитано:

1.277

МИОА подготвува Закон за безбедност на мрежи и информациски системи

Целта на Предлог-законот е ефикасно справување со предизвиците на безбедноста на мрежите и информациските системи во Република Македонија, во смисла на заеднички минимални капацитети за градење и планирање, размена на информации, соработка и заеднички безбедносни барања од областа на ИКТ.

„Мрежата и информациските системи, а пред сè интернетот, играат суштинска улога во олеснувањето на прекуграничното движење на стоки, услуги и луѓе. Поради таа транснационална природа, значителни нарушувања на овие системи, без разлика дали се намерни или ненамерни и без оглед каде се случуваат, може да влијаат и врз Република Македонија. Затоа, безбедноста на мрежните и информациските системи е од суштинско значење за непречено функционирање на внатрешниот пазар. Имајќи предвид дека во Република Македонија отсуствува правна регулатива во оваа област, се наметна потребата за изготвување на овој закон. Дополнително, со истиот се транспонира Директивата (ЕУ) 2016/1148 на Европскиот парламент и на Советот од 6 јули 2016 година во однос на мерки за висок општ степен на безбедност на мрежа и информациски системи низ Унијата, односно НИС Директивата“, образложуваат од МИОА.

М.В