/ Прочитано:

1.563

Младите правници поддржаа постапка за остварување на правото на детски додаток

Македонското здружение на млади правници, во рамките на проектот „Зајакнување на социјалната заштита на децата преку правна помош“, поддржа постапка за остварување на правото на детски додаток во согласност со Законот за заштита на децата, кое беше делумно оспорено од страна на првостепениот орган.

Станува збор за лице кое поднело барање за детски додаток за своите три деца, а од страна на првостепениот орган му бил доделен детски додаток кој соодветствува на износот за две деца кои одат во основно училиште, или 1.488,00 денари, со усно образложение дека целокупниот износ од 1.800,00 денари, кој го утврдува Законот за заштита на децата, се остварува само доколку едното дете оди во средно училиште.

Против ваквото решение, клиентот, преку адвокатот Панче Перковски од Скопје, поднел жалба, со која побарал правилна примена на одредбата од Законот за заштита на децата, каде што во членот 31 став 3 се наведува дека: „Вкупниот месечен износ на детски додаток за децата за кои родителот го остварил правото изнесува 1.800,00 денари.“

На ден 5.9.2018 година, од страна на надлежниот првостепен орган – Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје, е наведено дека жалбата е прифатена во целост, и по неа се постапува со решение за исправка на грешка, со кое на корисникот му се утврдува право на детски додаток во вкупен износ од 1.870,00 денари.

М.В