/ Прочитано:

913

Модул на УЈП за автоматски поврат на даноци

Од УЈП велат дека за подобро функционирање и за давање подобри услуги на граѓаните и на фирмите, Управата оди кон автоматизирање на процесите. Во таа насока, додаваат од УЈП, се и платформата е-персонален данок и претпополнетата даночна пријава.

„Со оваа реформа граѓаните се ослободени од административните процедури и долгото чекање на шалтери. Благодарение на електронскиот систем, граѓаните ќе имаат и увид во своите приливи, платените и неплатени придонеси. Целосно сме посветени на реализација на започнатите проекти и на реформите коишто се предвидени за годинава. Со задоволство можам да кажам дека веќе имаме 100% успешност на системот е-персонален данок, на којшто се регистрираа 656.000 граѓани, а сè уште се регистрираат и физичките лица кои до тој рок не го направиле тоа. Успешната реализација е благодарение и на сите граѓани кои ѝ дадоа шанса на оваа реформа и соработуваат со Управата за јавни приходи. Од 1 јануари веќе започнавме со подготвување на претпополнета годишна даночна пријава којашто ќе им биде доставена на сите физички лица регистрирани на е-пдд, по што од нив ќе чекаме потврда или корекција, со што верувам дека целосно ќе заокружиме еден успешен процес“, вели директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Исто така, во насока на автоматизирање на процесите УЈП воведе софтвер за евалуација на ризикот, кој овозможува електронска селекција на даночни обврзници за контрола врз претходно утврдени критериуми за ризик. Со овој софтвер, образложуваат од УЈП, се обезбедува објективна селекција на даночни обврзници за контрола, преку автоматизација на процесот, со што значително се намалува човечкиот фактор. Годинава ќе се стартува со редовна примена на системот.

„Преку развојот на модулот за автоматско пребивање се воспостави систем за неселективен и автоматски поврат на даноци кон даночните обврзници. Пример за тоа е повратот на ДДВ кон претпријатијата во 2018, кој беше брз и неселективен. Минатата година реализираниот поврат на ДДВ изнесуваше 23,1 милијарда денари и тој е за 19,3% повисок од 2017 година“, вели министерот за финансии Драган Тевдовски.

М.В