/ Прочитано:

1.062

МОН подготвува Закон за заемно признавање на професионалните квалификации

Министерството за образование и наука подготвува Закон за заемно признавање на професионалните квалификации.

Законот за заемно признавање на професионалните квалификации, велат од МОН,  ги утврдува компетентните власти, нивните надлежности, односно процесот на признавање на професионалните квалификации во Република Македонија, како дел од процесот на усогласување на националното законодавство во делот на право на основање и слобода на давање услуги во земјите членки на ЕУ.

Цел на Предлог-законот е обезбедување мобилност на пазарот на трудот во Република Македонија преку воспоставување, односно прифаќање на минимум услови за пристап кон секторските професии, како што се: доктор по општа медицина, доктор по дентална медицина, медицинска сестра за општа нега, акушерка, фармацевт, доктор по ветеринарна медицина и архитект, како и регулираните професии.

M.В