/ Прочитано:

4.744

Можност за практична работа во Академик за студенти од правните факултети

Академик објавува оглас за практична работа на студенти на додипломски студии на правните факултети во Република Македонија.

Агенцијата за интелектуални услуги „Академик“ е најдобриот македонски издавач на правна литература во чии современи простории  се организираат настани со врвен квалитет од областа на правото.

Академик создава правни производи кои се користат од правниците во нивната секојдневна работа. Академика е најдобрата збирка важечки
македонски прописи на интернет кои се ажурирани и дневно уредувани. Веб- порталот www.akademik.mk e првиот македонски портал за популарно право.

Практичната работа е со времетраење од најмалку 30 дена и се однесува на практична работа во врска со правото, легислативата и судската практика. Академик нуди пријатна работна атмосфера, инспиративен амбиент и извонредна можност за унапредување на правните знаења и вештини.

Заинтересираните студенти треба да ја испратат својата биографија на електронската адреса info@akademika.com со назнака „За огласот за практична работа за студенти“.

Покрај биографијата, потребно е студентите да назначат во кој период планираат да ја реализираат практичната работа.

Со кандидатите што аплицирале за практичната работа ќе биде спроведено интервју.

За подетални информации може да се контактираат телефонските броеви 02/3 246 813 и 3 133 255, како и фејсбук страната на Академик.