/ Прочитано:

2.188

МТСП: Детските градинки да работат во интерес на граѓаните и да одговорат на нивните потреби

Воведувањето на новото работно време ќе го спроведат раководствата на установите, во согласност со пропишаните одредби во Правилникот за стандардите и нормативите на предучилишни установи за деца. Во оние јавни установи за деца, каде што ќе се утврди дека нема потреба од воведување на втора смена, ќе продолжат да работат како и досега. Но, воведувањето втора смена не зависи од бројот на позитивно изјаснети родители, што значи дека доколку и само едно дете треба да биде згрижено во втора смена, установата е должна тоа да го организира.

Министерството за труд и социјална политика известува дека во согласност со примената на Одлуката на Владата на Република Македонија за распоред на работното време во државните институции, jавните установи за згрижување на деца од предучилишна возраст ќе отпочнат со воведување на двосменско работење и секоја прва сабота во месецот, а во интерес на децата и потребата на нивните родители.

Родителите со задоволство ја прифатија одлуката за воведување двосменска работа на градинките, која одговара на нивните долгогодишни барања и таа треба доследно да се примени. Подобрувањето на капацитетите на градинките од просторен и кадровски аспект е процес кој се одвива истовремено, а за што, покрај Министерството, одговорни се и локалните самоуправи.

Воведувањето на новото работно време ќе го спроведат раководствата на установите, во согласност со пропишаните одредби во Правилникот за стандардите и нормативите на предучилишни установи за деца. Во оние јавни установи за деца, каде што ќе се утврди дека нема потреба од воведување на втора смена, ќе продолжат да работат како и досега. Но, воведувањето втора смена не зависи од бројот на позитивно изјаснети родители, што значи дека доколку и само едно дете треба да биде згрижено во втора смена, установата е должна тоа да го организира.

Директор(к)ите се задолжени од страна на МТСП да ја спроведат Одлуката на Владата на РМ и во согласност со неа, како и според потребите на родителите, да го организираат работењето на установата. Овие насоки беа повторени и на вчерашната средба на министерката со директор(к)ите која се одржа во просториите на „Даре Џамбаз“.