/Прочитано:

139

МТСП со кривична пријава до Обвинителството за неправилностите со пензиите

„Министерството за труд и социјална политика денеска до Основното јавно обвинителство доставува кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери.

Имено, темелните истражувања на пензискиот систем кои ги направи Министерството за труд и социјална политика со меѓународните финансиски институции за првпат по 12 години откри дека кај 12.000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб. За нив воопшто не се распределувале средства во приватниот (втор) столб, иако осигурениците ги исполнувале условите. На овој начин директно им било скратено правото за остварување повисока пензија на овие 12.000 идни пензионери. Така, еден осигуреник со просечна плата има изгубено околу 95 илјади денари во период од 2007 до 2018 година.

За таа намена на приватните пензиски друштва ќе им биде исплатена сума од 19 милиони евра обезбедени од Буџетот на РМ. Овие средства ќе бидат распределени на оштетените осигуреници, односно на секој по околу 400.000 денари“, се вели во соопштението на МТСП.

Соопштение на МТСП за придонесите кои не биле префрлани во вториот столб