/ Прочитано:

1.007

МТСП започна со воведување на заедничката рамка за процена

Министерството за труд и социјална политика започна со воведување на заедничката рамка за оцена (ЗРП). Ова е втор циклус на воведување на овој европски инструмент и се спроведува во согласност со Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба (објавен во „Службен весник на Република Македонија”, бр. 69 од 14.5.2013 година).

Со овој закон се уредува воведувањето на системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба.

Системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена во државната служба се засноваат врз меѓународни или македонски стандарди, со кои се востановуваат посебни барања за системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба.

Заедничката рамка за процена е наменета за употреба во сите делови на јавниот сектор и е применлива во јавни организации на национално, регионално и локално ниво. Исто така, може да се користи во широк спектар на различни околности, на пр. како дел од систематска програма за реформи или како основа за рационализација на работата на подобрувања во организациите од јавниот сектор. Во некои случаи, а особено во многу големи организации, самопроцена може да се изврши во некој дел од организацијата, на пр. во избраниот оддел или избраната услуга.

Со ЗРП се овозможува: процена во врска со збир на критериуми, што стана широкоприфатена низ цела Европа, врз основа на докази; можност да се идентификува напредокот и извонредно ниво на достигнување; начин да се постигне конзистентност и консензус за тоа што треба да се направи за да се подобри организацијата; врската помеѓу целите и стратегиите и процесите за нивна реализација; начин да се поттикне ентузијазмот меѓу вработените со нивниот ангажман во процесот на подобрување на организацијата; можност за промовирање и размена на добри практики во различни сфери на организацијата и со други организации; начинот на интегрирање на различни квалитетни иницијативи во редовното работење и метод за мерење на напредокот со текот на времето со периодична самопроцена.