/ Прочитано:

1.173

МВР: Граѓаните да не патуваат со патни исправи претходно пријавени за загубени, па пронајдени

„Со оглед на фактот дека сите патни исправи и лични документи кои се пријавени како изгубени или украдени претставуваат неважечки документи и истите се внесуваат во базите на Интерпол. При употреба на овие документи пред надлежни полициски органи насекаде низ светот истите се одземаат и на граѓаните не им се дозволува продолжување на патувањето во земјата каде што се употребени“, наведува МВР во своето соопштение.

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на летната туристичка сезона е зачестена појавата на граничните премини ширум Европа наши граѓани да користат патни исправи кои претходно ги пријавиле како изгубени или украдени, а откако ќе ги пронајдат се обидуваат да патуваат со истите, без притоа да го пријават пронаоѓањето во надлежните служби на МВР каде што се издадени документите.

„Со оглед на фактот дека сите патни исправи и лични документи кои се пријавени како изгубени или украдени претставуваат неважечки документи и истите се внесуваат во базите на Интерпол. При употреба на овие документи пред надлежни полициски органи насекаде низ светот истите се одземаат и на граѓаните не им се дозволува продолжување на патувањето во земјата каде што се употребени“, наведува МВР во своето соопштение.

Со цел избегнување дополнителни финансиски трошоци, односно (вадење патен лист во амбасадите на Р. Македонија, пропаднати туристички аранжмани и сл.), Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните кои претходно ги пријавиле своите патни исправи или лични документи за изгубени или украдени, во случај на нивно пронаоѓање, задолжително да го пријават истото во надлежните служби на МВР каде што се издадени документите.