/Прочитано:

161

МВР: Кривична пријава за телесни повреди во вршење на семејно насилство

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.С. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела – телесни повреди во вршење на семејно насилство, казниво по член 130, став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

„Пријавениот Ф.С. на 8.8.2018 година во семејниот дом, во алкохолизирана состојба, физички ги нападнал својот двегодишен син и својата сопруга Ѓ.С. и им нанел телесни повреди. Додека неговата сопруга била на работа, Ф.С. физички го нападнал двегодишното дете, по што тоа се онесвестило. Околу 18:30 часот Ѓ.С. дошла од работа и ги затекнала своите четири малолетни деца заклучени во соба. Во моментот кога нејзиниот најстар син (9 години) ја отворил вратата, пријавениот Ф.С. физички ја нападнал Ѓ.С. Таа успеала да избега во собата кај децата, кои ѝ кажале дека татко им ги тепал сите, а најмногу најмалиот брат. По кратко време, Ѓ.С. со такси возило го однесла двегодишниот син во Ургентен центар при комплексот клиники ’Мајка Тереза’ каде што му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на лекување.

Во разговор со полициските службеници, Ѓ.С. изјавила дека ова не е прв случај на семејно насилство од страна на Ф.С. Тој и порано ги малтретирал. Со помош на Центарот за социјални работи на град Скопје, преостанатите три деца биле згрижени во шелтер-центар.

На 9.8.2018 година во 1:05 часот, пријавениот Ф.С. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

М.В