/ Прочитано:

1.066

МВР: Неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива во согласност со законите

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива во согласност со Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.

Неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства), со која се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните, се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192. Апелираме особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје“, известуваат од МВР.