/ Прочитано:

1.666

МВР подготвува Закон за меѓународна заштита и привремена заштита

Министерството за внатрешни работи подготвува Закон за меѓународна заштита и привремена заштита. Со усвојување на предложениот закон, посочуваат од МВР,  ќе се изврши усогласување со европските директиви во областа на азилот. Областа за азилот и привременатa заштита е регулирано со актуелниот Закон за азил и привремена заштита со кој се уредуваат условите и постапката за добивање и престанок на право на азил на странец или лице без државјанство кој бара признавање право на азил во Република Македонија, како и правата и должностите на барателите и лицата на кои им е признаено право на азил во Република Македонија. Со овој закон се уредуваат и условите според кои Република Македонија може да даде привремена заштита, како и правата и должностите на лицата под привремена заштита. Ревидирање на Законот за азил и времена заштита во согласност со препораките на експертот на ЕК е предвидено и во планот за реформи на Владата.

М.В