/Прочитано:

809

МВР: Закажување термин за лични документи и преку мобилен телефон

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека покрај онлајн закажувањето термини за аплицирање за лични документи преку веб-страницата на МВР ( termin.mvr.gov.mk ) и телефонското закажување на бројот 0800 192 92, граѓаните ќе може да закажуваат термини и со јавување на мобилниот телефонски број 072 92 92 92.

Министерството за внатрешни работи обезбеди 30 линии (оператори) кои ќе ги опслужуваат граѓаните и ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи.

М.В