/ Прочитано:

3.738

На 25 јануари Академик организира обука посветена на новите измени и дополнувања на Законот за административни службеници

На 25 јануари 2018 година (четврток) Академик организира еднодневна обука на тема: Анализа и практична примена на новините предвидени во Законот за измени и дополнувања на Законот за административни службеници.

Со цел подобрени и поедноставени постапки за селекција, унапредување и оценување на административните службеници, изработен е Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за административните службеници. Со предложените измени опфатени се одредбите за тестот за проверка на интелектуалниот капацитет и тестот на личност, за начинот на проверка на знаењето на странски јазик, за постапката и условите за унапредување на административниот службеник, за ефектите од мерките за одличен и слаб учинок  и други измени преку кои директно се интервенира во управувањето со човечките ресурси во јавната администрација.

Во насока на навремена подготовка за примена, разбирање и правилна интерпретација на предложените измени од страна на правните субјекти, Академик ја организира оваа еднодневна обука на која ќе биде понудено знаење за измените и новините во Законот за административните службеници, преку нивна анализа и преку решенија за нивна практична примена, во корелација со актуелните и клучни законски содржини.

Обуката ќе се одржи на 25.1.2018 година (четврток), од 10:00 до 15:00 часот.

Предавач на обуката ќе биде Билјана Николовска-Жагар, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација.

Агенда:

НОВИНИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

  • Измени во поглед на тестот за проверка на интелектуалниот капацитет и тестот на личност;
  • Начин на проверка на знаењето на странски јазик;
  • Постапка и услови за напредување во кариерата;
  • Новата улога на мерките за одличен и слаб учинок;
  • Други измени предвидени со Законот.

ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

  • Обврска за планирање на административните службеници и што доколку не е направено планирањето;
  • Годишен план за вработувања на административните службеници;
  • Барање за започнување постапка за вработување;
  • Јавен оглас;
  • Комисија за селекција за вработување;
  • Четири фази на постапката за селекција за вработување;
  • Одлука за избор и решение за вработување;
  • Постапка по жалба против донесената одлука за вработување.

ПОСТАПКА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИОТ СЛУЖБЕНИК И МОБИЛНОСТ

  • Интерен оглас;
  • Начин на поднесување пријава за вработување;
  • Комисија за селекција за унапредување;
  • Фази на постапката за селекција за унапредување;
  • Одлука за избор и решение за унапредување;
  • Одлука за невршење на избор;
  • Мобилност на вработените во јавниот сектор;
  • Значење и функција на трансфер-листата.

Прашања, одговори и дискусија

На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуките за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст. Плаќањето се врши врз основа на фактура, пред или по завршувањето на обуката.

Обуката ќе се одржува во новоотворениот Центар за обуки Академик кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр.1. Врвната техничка опременост, ултрабрзиот интернет, организацијата на просторот и пријатната атмосфера на новите простории на Центарот за обуки на Академик му го даваат епитетот најсовремен центар за обуки во главниот град на Македонија.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуките преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk , а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.

(ГАЛЕРИЈА) Новиот Центар за обуки на Академик