/ Прочитано:

3.740

На предлог на МОН, Владата го прифати Предлог-законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата го прифати Предлог-законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти. Законот предвидува Министерството да врши поврат на дел од исплатените средства за купен музички инструмент во висина од 75 % од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент, за купени 25 музички инструменти од страна на редовни ученици запишани во државните средни училишта во кои се остваруваат планови и програми за музичка уметност и во висина од 75 % од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент, за купени 25 музички инструменти од страна на редовни студенти запишани на државните високообразовни установи каде што се остваруваат студиски програми од областа на музиката. Законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти од страна на МОН беше најавен во месец февруари оваа година.

„Целта на Предлог-законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти е овозможување на што поголем број на ученици и студенти да имаат можност да набават свој музички инструмент. Со купувањето музички инструмент на учениците, односно на студентите им се олеснува процесот на образование, добиваат повеќе време за вежбање и усовршување на инструментот и се стимулираат за учествување на повеќе државни и меѓународни натпревари“, посочија од МОН.

Закон за поддршка на млади при купување на музички инструменти – ново законско решение се подготвува во МОН

М.В