/ Прочитано:

1.230

Напуштен затвор станува академија за идни лидери на ЕУ

Италијанскиот премиер, Матео Ренци, предложил целосна реконструкција на местото, да се издвојат 80 милиони евра и да стане академија на Европа, каде што ќе се образуваат идните лидери на институциите на ЕУ. Ренци се надева дека од тоа училиште ќе произлезат идните водачи на ЕУ, експерти, правници и истражувачи.

Santostefcarcere

Санто Стефано е мал напуштен италијански остров во Јадранското Море, лоциран меѓу Рим и Неапол. Со векови тоа место било нарекувано „италијанскиот Алкатраз”. Во тој затвор биле сместувани политички дисиденти, анархисти, бандити, мафијаши и антифашисти кои верувале во обединета Европа.

Тој е изграден од Бурбонците во 1770 година, затворен е во 1965 година, а сега е запуштен и обраснат со вегетација.

Италијанскиот премиер, Матео Ренци, предложил целосна реконструкција на местото, да се издвојат 80 милиони евра и да стане академија на Европа, каде што ќе се образуваат идните лидери на институциите на ЕУ. Ренци се надева дека од тоа училиште ќе произлезат идните водачи на ЕУ, експерти, правници и истражувачи.

„Политико“ пишува дека оваа идеја за формирање вакво училиште е предложена од италијанскиот премиер поради неговиот став дека ЕУ станала нефункционална и се претворила во куп од бројки, параметри и сопки и дека сето тоа треба да се поправи и да се доведе во ред.