/ Прочитано:

1.603

Нацрт-просторниот план на Источниот плански регион 2013–2030 на Законодавно-правна комисија

Законодавно-правна комисија денеска ќе го разгледува Нацрт-просторниот план на Источниот плански регион за периодот 2013-2030 година.

 

Просторниот план на Источниот плански регион (ППИПР) претставува интегрален развоен проект и управувачки документ, со чија помош се дефинираат организацијата на просторот, целите и концепциите на просторниот развој во одделни области, како и условите за нивна реализација и меѓусебна усогласеност.

Изработката на ППИПР е значајна за реално согледување, инвентаризирање и валоризирање на вредностите и потенцијалите на овој простор, со цел правилно да се дефинираат насоките, мерките и решенијата за нивно рационално искористување, уредување и заштита преку примена на принципите на одржлив развој.

Планот ги согледува проблемите од моменталната состојба и проблеми што може да се јават во иднина, со што се создава основа за дефинирање на насоките за нивно решавање и надминување за долг период.

Притоа е нагласена потребата за обезбедување на сеопфатен развој на Источниот плански регион (ИПР) како пограничен регион и создавање на услови за интеграција во европските интегративни процеси.

М.В