/ Прочитано:

4.622

Непаричен влог во трговско друштво

Автор: проф. д-р Кирил Чавдар


Вовед

Трговското друштво е правно лице во коешто едно или повеќе лица вложуваат пари, ствари или права во имот што го користат за заедничко работење и заеднички ја делат добивката и загубата од работењето. Тоа самостојно трајно врши дејност заради  остварување добивка. Како правно лице, кое својство го стекнува со уписот во Трговскиот регистар,  трговското друштво може да стекнува права и да презема обврски, да стекнува сопственост и други стварни права, да склучува договори и други правни работи, да тужи и да биде тужено пред суд, арбитража или друг избран суд и да учествува во други постапки (чл. 19 и 25 од Законот за трговските друштва – натаму : ЗТД).

Имотот создаден со вложувања во трговското друштво се изразува во пари и ја претставува основната главнина на друштвото. Таа гласи во денари или во странска валута и задолжително се наведува во меморандумот. Правата и обврските што содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во трговското друштво, освен кај акционерските друштва, се негов удел во друштвото, додека правата и обврските што акционерот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина на акционерското друштво, односно во командитното друштво со акции, се негов удел во друштвото за којшто добива акции (чл. 21 од ЗТД)

При расправањето за овие прашања неопходно потребно е да се прави разлика меѓу поимите  ,,влог во друштвото”, ,,удел во друштвото” и ,,акција”, како и меѓу  поимите ,,основна главнина” , ,,главнина” и ,,имот” на друштвото…

>> Прочитај ја целата статија


Останато од авторот: