/ Прочитано:

2.343

Неработни денови во 2014 година

Четврток, 2 јануари 2013 – Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во новата година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

  • 01 јануари (среда), Нова Година
  • 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 01 мај (четврток), Ден на трудот
  • 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
  • 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
  • 02 август (сабота), Ден на Републиката
  • 08 септември (понеделник), Ден на независноста
  • 11 октомври (сабота), Ден на народното востание
  • 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба
  • 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

 За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици)
  • 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
  • 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

 За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

 За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

 За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава

 За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

 За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 мај (петок), Национален ден на Власите

 За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

 За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

 За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

Законот за празниците предвидува дека:

  • Во неработните денови, работникот има право на надомест на плата, односно на зголемена плата во согласност со закон и колективен договор.
  • Владата на Република Македонија со акт определува кои државни органи и други јавни служби, јавни претпријатија, трговски друштва, установи и други правни лица, се должни да работат во деновите на празниците.