/Прочитано:

12.853

НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА 2018 ГОДИНА: Објавена програмата на Министерството за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2018 година, во согласност со Законот за празниците на Република Македонија.

Во 2018 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

  • 1 јануари (понеделник), Нова година
  • 7 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник) е неработен ден
  • 9 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 1 мај (вторник), Ден на трудот
  • 24 мај (четврток), „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители
  • 15 јуни (петок), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам
  • 2 август (четврток), Ден на Републиката
  • 8 септември (сабота), Ден на независноста
  • 11 октомври (четврток), Ден на народното востание
  • 23 октомври (вторник), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (сабота), „Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик
  • 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)
  • 6 април (петок), Велики петок, петок пред Велигден
  • 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
  • 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 2 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 1 ноември (четврток), Празникот на сите светци
  • 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 21 август (вторник), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (четврток), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 јануари (сабота), „Свети Сава“

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

М.В