/ Прочитано:

3.788

Нова апликација на Македонска берза за клиентите на брокерските куќи

Апликацијата eTrader е наменета за крајните корисници (клиентите на брокерската куќа) и овозможува праќање електронски налози до брокерите и комплетен увид во тргувањето кое е извршено преку брокерската куќа.

„Со апликацијата eTrader  доволно е да имате електронски уред со пристап на интернет и независно каде се наоѓате таа овозможува давање електронски налози до брокерите и следење на тргувањето. Со користењето на апликацијата eTrader, можете да го замените традиционалниот начин на тргување кој претпоставува физичко присуство на клиентите за давање налози во брокерската куќа. Отсега, со само една посета кај вашиот брокер, добивате идентификациони елементи и давањето на налози може да се направи од вашите домови, од работните места, од странство, додека сте на одмор итн.“, појаснуваат од Македонска берза.

Директорот на Македонска берза, Иван Штеријев,  вели дека апликацијата има високо ниво на безбедност и е лесна и едноставна за користење.

„Потребно е само еднаш да се отиде кај брокерската куќа или кај банката и да се потпише сетот документи и потоа, за разлика од досега, не мора физички да се оди кај брокерската куќа и да се потпишуваат безброј налози за купување или продавање“, вели Штеријев.

Апликацијата е едноставна за користење и овозможува:

  • високо ниво на сигурност (SSL сертификат, единствено корисничко име и лозинка за заштита на корисниците);
  • едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување;
  • преглед на портфолиото и паричната состојба, со моментално ажурирање, во согласност со пазарната состојба;
  • преглед на пазарните податоци (цена, пазарна длабочина, трансакции)
  • следење на внес и извршување на налогот во реално време;
  • преглед на активни налози;
  • следење на налогот во пазарната длабочината;
  • аларми (нотификации за промените на пазарот).

Пристап до апликацијата eTrader

За да можете да ja користите апликацијата eTrader, потребно е брокерската куќа да дозволи пристап на корисникот до апликацијата. Како корисник на апликацијата eTrader ги добивате следните податоци:

УРЛ-адреса за пристап до апликацијата

Корисничко име и лозинка

Листа на членки на Македонска берза