/ Прочитано:

1.319

Нови 30 дена притвор за осомничените во „Ликвидација“

Среда, 24 јули 2013 – Кривичниот совет на Основниот скопје 1 донесе одлука: нови 30 дена притвор осомничените во „Ликвидација“.

Причината за продолжувањето на притворот на осомничените е опасност од бегство, велат од Кривичниот суд.

Вчера попладне од Одделот за организиран криминал било подготвено обвинението за деветте осомничени во „Ликвидација“, меѓу кои и адвокати, судии, обвинители од Скопје и од Велес, а  Обвинителството побарало од судот на приведените кои веќе два месеци се во притвор, да им се продолжи притворот за уште 30 дена.

Новинарот Томислав Кежаровски веќе трет ден штрајкува со глад во притворот во Шуто Оризари, а со него штрајкува и неговата сопруга Марина. Семејството Кежаровски како гаранција за Томислав да се брани од слобода го понуди својот недвижен имот.

Задржувањето во притвор на Кежаровски беше остро осудено и од домашните, но и од меѓународните новинарски организации.