/ Прочитано:

2.645

НОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ: Намалување на рокот за регистрација за цели на ДДВ

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за данокот на додадена вредност. Од Министерството за финансии велат дека поради потребата од прецизирање и појаснување на одредени одредби, се предлагаат измени и дополнувања во Законот за данокот на додадена вредност. Исто така, со измените ќе се врши и усогласување на одредбите со царинските прописи и со Виенската конвенција за дипломатски односи.

„Целта на предлогот е да се допрецизира и дополни даночното ослободување во делот на образованието и да се надополни и со научната дејност. Дополнително, се намалува рокот во кој е задолжително даночните обврзници да останат регистрирани за цели на ДДВ, од пет години, на две години. Исто така, се врши усогласување со царинските прописи во делот на утврдувањето на даночната основа при увоз на добра, како и усогласување на враќањето на ДДВ согласно Виенската конвенција за дипломатски односи“, посочуваат од Министерството.

Граѓанскиот сектор предлага законски измени за подобрување на Законот за ДДВ

Физичко лице како даночен обврзник за цели на ДДВ

Водич со корисни информации и упатства за физичките лица за данокот на додадена вредност

УЈП: До 15 јануари да се поднесе пријава за регистрација за ДДВ

М.В